Saturday, June 18, 2016

Најпознати диџеи во Македонија

Позади псевдонимот Диџеј Хитмен или сегашен Диџеј (AK47) се крие кочанчанецот Тоше Иванов. Диџеј AK47 има забележано најголеми успеси од сите поранешни и сегашни македонски диџеи. Во 1989 година е избран за „Најдобар диџеј на Европа“ од страна на DMC (светска дискџокејска ор.ганизација).
Image result for Диџеј Хитмен
Во почетокот на 90-тите години од 20-от век, работи како музички водител на Македонската Телевизија и во скопската радио станица „Мега ФМ“. И понатака продолжува да биде диџеј, за да во 2000-та година на натпревар на диск џокеи во Лас Вегас (Невада, САД) ја добие титулата „Милениумски Диџеј Шампион“.
Благодарение на успесите кои го следат во текот на целата кариера, диџеј Хитмен сега познат како диџеј АК47 постојано е на турнеја низ светот. Никогаш не настапувал под името (ФИРОМ) со што покажува и не се срами да каже дека е вистински Македонец и ја промовира нашата држава под нашето уставно име Македонија.
Мирко Попов (во дискџокејските кругови познат и како БП) подоцна влегува во Прогресивната Мултимедијална Група (PMG Collective) и станува нејзин водач. Во првата половина на 90-тите години од минатиот век ПМГ се едни од пионерите кои го внесуваат електро звукот на подиумите низ Скопје и другите градови во Република Македонија.Најчесто врти хаус (поконкретно прогресив и есид хаус), но не му се непознати и другите електронски правци.Сетовите на Мирко Попов освен во нашата земја, имале прилика да ги слушнат и љубителите на електронската музика во соседството, како и во најголемите клубови во Лондон (Велика Британија).

No comments:

Post a Comment