Saturday, June 18, 2016

Најпознати диџеи во Македонија

Позади псевдонимот Диџеј Хитмен или сегашен Диџеј (AK47) се крие кочанчанецот Тоше Иванов. Диџеј AK47 има забележано најголеми успеси од сите поранешни и сегашни македонски диџеи. Во 1989 година е избран за „Најдобар диџеј на Европа“ од страна на DMC (светска дискџокејска ор.ганизација).
Image result for Диџеј Хитмен
Во почетокот на 90-тите години од 20-от век, работи како музички водител на Македонската Телевизија и во скопската радио станица „Мега ФМ“. И понатака продолжува да биде диџеј, за да во 2000-та година на натпревар на диск џокеи во Лас Вегас (Невада, САД) ја добие титулата „Милениумски Диџеј Шампион“.
Благодарение на успесите кои го следат во текот на целата кариера, диџеј Хитмен сега познат како диџеј АК47 постојано е на турнеја низ светот. Никогаш не настапувал под името (ФИРОМ) со што покажува и не се срами да каже дека е вистински Македонец и ја промовира нашата држава под нашето уставно име Македонија.
Мирко Попов (во дискџокејските кругови познат и како БП) подоцна влегува во Прогресивната Мултимедијална Група (PMG Collective) и станува нејзин водач. Во првата половина на 90-тите години од минатиот век ПМГ се едни од пионерите кои го внесуваат електро звукот на подиумите низ Скопје и другите градови во Република Македонија.Најчесто врти хаус (поконкретно прогресив и есид хаус), но не му се непознати и другите електронски правци.Сетовите на Мирко Попов освен во нашата земја, имале прилика да ги слушнат и љубителите на електронската музика во соседството, како и во најголемите клубови во Лондон (Велика Британија).

Friday, April 29, 2016

Диџеј

Диск-џокеј е личност која одбира и пушта музика, со задача да забавува други луѓе.
DJ performing with Danny Brown 2014.jpg


    Првите диџеи се појавиле на американските радио-станици во 40-тите години од минатиот век, но првиот забележителен подем го постигнуваат во текот на 50-тите и 60-тите години, водејќи емисии во кои им било дозволено сами да ги бираат песните. Овој начин на работа многу брзо се проширил и во Европа, а набрзо потоа и низ целиот свет.












    • Диџеи можат да се сретнат на радио-станици, како и во ноќни клубови и на свечености (свадби, изложби, спортски настани). Нивната улога во културниот живот е огромна, исто како и нивното влијание врз развивањето на истиот.



    • Денес поимот диџеј најчесто се поистоветува со електронските диџеи, во извесна мера занемарувајќи ги рап диџеите. Токму првите диџеи кои пуштале електронска музика биле и продуценти на истата, па со тоа и се најзаслужни за нејзиниот и за развојот на огромниот број нејзини стилови/варијации.

    • Светски познати диџеи 

    • Македонски диџеи